Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во последните 24 часа вкупно 1.712 повици на бројот за итни случаи 112

112.webp.webp
300x250 opst2

Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 1 712 повици.

Од нив, како што соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) „реални“ повици биле 935 или 54,61 проценти, а 777, односно 45,39 проценти биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни.

Кон полицијата биле упатени 180 повици, односно 60,81 проценти од вкупно примените повици, кон итната медицинска помош 94 или 31,76 проценти, кон пожарникарите 18 повици или 6,08 проценти и кон ЦУК четири повици или 1,35 процент. Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

– Во текот на вчерашниот ден во РЦУК Тетово добиена е дојава за пронајдени две неексплодирани убојни средства (НУС), пред с.Ѓермо, во шумскиот дел од Шар Планина. За ова, од страна на РЦУК Тетово известени се ПС Тетово и ДЗС – подрачна единица Тетово. Местото на пронајдените НУС е обезбедено од страна на полицијата се до нивно соодветно отстранување, се наведува во соопштението.

Според информацијата пристигната од МАКТЕК Дооел – Скопје, за потребите на компанијата БЕХТЕЛ и ЕНКА, денеска во периодот од 12:00 до 17:00 часот ќе се изврши минирање на локалитетот Сладун (општина Прилеп).

ЦУК информира дека денеска во периодот од 10:00 до 15:00 часот, ќе извршат минирање на каменоломот Говрлево – сопственост на Цементарницата – УСЈЕ (општина Сопиште).

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени