Утрински Весник
Економија

Азески ќе учествува на Евро-азискиот Самит во Истанбул во организација на Светската коморска федерација

Azeski.03 e1536064098611.jpg

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески ќе учествува на Евро-азискиот Самит што се одржува на 15 и 16 октомври во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап за климатска акција”, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB). 

Регионалните самити на WCF ги обединуваат членовите на глобалната мрежа на стопанските комори на WCF, со цел глобалните предизвици и можности да се согледаат преку еден поширок регионален објектив.

Овој клучен настан има за цел да ги обедини највисоките претставници од коморите, деловните лидери, експертите и засегнатите страни од јавниот и приватниот сектор да разговараат за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и промени , да ги истражат најновите случувања за климатските промени и да ги нагласат проактивните мерки што Коморите и бизнисите ги преземаат за справување со климатските ризици, користењето технологии за одржлив развој и циркуларна економија, прашањето за декарбонизација итн. Ќе има и можности за вмрежување со деловни делегации од различни земји во регионот, преку B2B средби.

На самитот на Светската федерација на комори за Европа и Азија, коморите кои го претставуваат деловниот свет ширум светот ќе ги финализираат своите ставови за климатските промени пред Самитот Б20 и Г20 во Бразил на 24 октомври и самитот COP29 во Баку на 11 ноември, разговарајќи за можностите за нула емисии, климатски технологии и иновации и финансирање на климатските промени. 

Во рамките на овој Самит ќе се одржи и првиот состанок на Советот на жени при коморите во рамки на WCF, на кој од Стопанската комора на Северна Македонија ќе учествува д-р Елена Милевска Штрбевска, претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража при Комората. 

На настанот е најавено учество на над 700 претставници од стопанските комори и бизнис-делегации ширум светот. Со тоа, преку коморското поврзување, бизнисмените од преку 40 комори и држави ќе имаат можност да разменат искуства за најновите предизвици во современото деловно работење и остварат деловна соработка преку организираните бизнис-средби.

Можете да прочитате

Битиќи: Владата ја задолжува државата без план каде ќе завршат парите

Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра

Промовирана нова платформа за дигитално управување со земјоделско производство