Утрински Весник
Свет

Во Полска приведен 19-годишник кој планирал да изврши терористички чин

Policija polska.webp.webp

Припадници на Полската агенција за внатрешна безбедност (ABW) уапсија деветнаесетгодишник под сомнение за планирање терористички чин.

Тоа е трето лице против кое се покренати обвиненија во истрагата што ја води Окружното обвинителство Олштин во североисточна Полска, изјави портпаролот на координаторот за специјални служби, Јацек Добжински.


„Истражителите утврдија дека сите осомничени собирале информации на интернет за ракување со огнено оружје, позиции за стрелање и спроведување борбени операции на отворени и затворени простори. За целите на обуката, тие посетиле стрелишта и спровеле воено-тактичка обука“, објави тој на платформата X.

Можете да прочитате

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

Во Украина ќе биде испратена воена опрема вредна милијарди долари, најави Трамп

Британија троши 850 милиони фунти за преселување на Авганистанци по истекување на податоци