Утрински Весник
Македонија

Во петок и сабота температури до 43 степени

Leto vreme 4.jpg

Продолжува периодот на многу топло време со високи дневни температури. Особено топло се очекува да биде во петок и сабота кога синоптичарите најавуваат дневни температури и до 43 степени. 

Промена на времето ќе има веќе од недела кога се најавува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во опаѓање.


Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена. Слично време се очекува и во Скопје. 

Поради топлото време Владата излезе со препораки до граѓаните, а од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да се придржуваат до препораките за самозаштита, а тоа се престојување во разладени простории, особено од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна и светла облека, користење заштита за глава и очи и избегнување физичка активност во најтоплите часови.

Можете да прочитате

Претставата на Драмски театар „Мачкина глава“ ќе го отвори јубилејниот, 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Уставен суд поведе постапка за нееднаков третман при добивање на еднократна парична помош за новороденчиња 

Повеќе разбирање и поддршка за жените: здравствените работници се обучуваат за перименопауза