Утрински Весник
Балкан

Во период од пет минути кражби во две банки во атинска населба

Policija Kola Rusija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Непознати лица утрово ограбиле две банки во атинска населба, а кражбите биле во период од пет минути, по што во тек е акција на грчката полиција за пронаоѓање на сторителите, јави дописничката на МИА од Атина.

Според првичните неофицијални информации и во двата случаи лицата се превезувале со мотори и засега е непознато дали двете кражби се поврзани, како и колку пари успеале да одземат.


Едниот грабеж бил во 9,40 часот, а вториот во 9,45, а филијалите на двете банки се наоѓаат една спроти друга на централен булевар.

Можете да прочитате

Србија со најнизок мигрантски притисок од 2015 година

Хаос во албанскиот парламент – опозицијата запали бакљи поради обвинувања за корупција

Рама го посети поранешниот претседател на Косово во притвор