Утрински Весник
Македонија

Во овој град е најголема излезноста до 9 часот

Izbori 2024.webp.webp

Во Демир Капија 10.42 отсто е излезноста до девет часот, за двата вида избори, во Неготино за претседателски 6,77, за парламентарни 6,73 проценти. За ова информираа од општинските изборни комисии.

Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше претседателката на Општинска изборна комисија, Елизабета Камчева.

Таа потсети дека вкупно 165 болни и немоќни лица гласаа вчера во Неготино, од вкупно 175 пријавени за втор круг претседателски и парламентарните избори.

– Гласаа 71 маж и 94 жени, 11 лица не гласале. Имаше пријавено едно лице кое гласаше во куќен притвор за втор круг претседателски и парламентарните избори, појасни Камчева.

Согласно на законот, овие лица гласаа вчера, ден пред изборите што се одржуваат во текот на денешниот ден.

Во Демир Капија, 66 лица беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК.

Денеска, се гласа на 11 избирачки места. 

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата