Утрински Весник
Свет

Во Норвешка запленет дрон со кој странец управувал кај аеродромот во Осло

Dron.jpg

Норвешката полиција денеска соопшти дека синоќа запленила дрон со кој во близина на меѓународниот аеродром во Осло управувал еден странец.

Човекот, на возраст од околу педесет години, управувал со дронот во област каде тоа не е дозволено, но без влијание врз воздушниот сообраќај, изјави Лиса Мари Локе, шефица на обвинителството на регионалниот полициски округ.


Тој не е уапсен, но ќе биде сослушан од полицијата, рече таа, не наведувајќи го неговото државјанство.

Дронови оваа недела го попречија воздушниот сообраќај на аеродромите во Данска, но Локе рече дека „за сега не гледа поврзаност“ на тие случаи.

Во понеделникот навечер воздушниот сообраќај на аеродромот во Осло беше прекинат три часа поради извештаи за можно присуство на дрон. Локе денеска изјави дека тогаш биле видени светла во воздухот и оти сè уште се проверува дали тоа навистина бил дрон.

Можете да прочитате

Трамп соопшти дека Кина ќе купи 200 авиони „Боинг“, а нарачката би можела да достигне и до 750

И Уганда прогласи жариште на ебола

ФБИ нуди 200.000 долари награда за поранешна американска разузнавачка која пребегна во Иран