Утрински Весник
Скопје

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје

Soobrakaen Rezim 960x502 1.jpg

На 10.05.2025 (недела) во периодот од 08:00 часот до 11:30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка на 10 км, со стартна позиција на бул.„Илинден“ пред фонтана Лотос, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа по ул.„Никола Парапунов“ до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта пред фонтана Лотос на бул.„Илинден“ во Скопје.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.


Можете да прочитате

Герасимовски: Времеплов низ срцето на Скопје, запознајте ја  историјата, културата и архитектурата на Центар

Општина Гази Баба најави повеќе од 60 проекти за ова лето

Перински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршка