Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата што се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, ќе се изведе на 11 ноември со почеток во 20:00 часот.
На сцената на Националната опера и балет ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.
Настапуваат солистите: Благица Поп Томова во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведувани оперски наслови до ден денес на светските оперски сцени.