Утрински Весник
Македонија

Во менувачница наместо чанта со денари му донеле чанта полна со харија !

6b1618c8dd208f7aab1c0824b9e7f806 Cash Money Luxury Lifestyle.jpg

На 04.05.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје Х.М.(34) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани. Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња. Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница