Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Iyyb8 Clipboard01.jpg

Тренерот на новиот шпански фудбалски првак Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека е задоволен од победата против Кадиз и обезбедената титула во Ла Лигата. Трофејниот италијански стратег Анчелоти истакна дека мадридскиот клуб сака да се пласира во финалето на Лигата на шампионите, пренесуваат шпанските медиуми. Фудбалерите на Реал Мадрид славеа над Кадиз со 3:0, а по триумфот на Жирона над Барселона од 4:2, на четири кола пред крајот на првенството теоретски ја обезбеди титулата во шпанското првенство. -Може да се каже дека чувствувам воздржана среќа. Најважниот натпревар е многу блиску до нас. Среќни сме со победата, но беше тешко да се подготви овој натпревар бидејќи сите размислуваме на Баерн. Некои други играчи добија шанса. Рано е за славење, бидејќи наша цел е да играме финале во ЛШ, изјави Анчелоти.

Можете да прочитате

Чави: Никогаш не е лесно да го напуштиш клубот на својот живот

(Видео) Тепачка меѓу навивачи на Панатинаикос и Фенербахче во Берлин пред полуфиналната пресметка од Евролигата

Ново разочарување од Ѓоковиќ пристигна од турнирот во Женева