Утрински Весник
Свет

Во масовна гробница во Изум пронајдени повеќе од 440 тела

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинската полиција соопшти дека повеќе од 440 тела се пронајдени во масовна гробница во североисточниот град Изум, кој Украина го врати под своја контрола, како и дека некои жртви биле убиени во гранатирање и воздушни напади.

dobivaj vesti na viber

„Можам да кажам дека тоа е еден од најголемите гробници во еден голем град во ослободените области. 440 тела беа закопани на едно место“, изјави за Sky News Серхи Болвинов, главен полициски истражител за регионот Харков.

Претседателот Володимир Зеленски, кој во средата ненадејна ги посети украинските војници во Изум, претходно изјави дека украинските власти пронашле масовна гробница во Изум, за што ја обвини Русија,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

50 возила се судриле во верижен судир во Јапонија, има и загинати

Директорот на компанија им исплатил 240 милиони долари бонуси на вработените

Трамп за документите на Епштајн: „Ова е лов на вештерки“