Утрински Весник
Свет

Сијарто: Власта во Србија спречи терористички напад

Sijarto.webp.webp

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека српските власти спречиле терористички напад во кој требало да биде кренат во воздух српскиот дел од гасоводот „Турски тек“, кој, како што истакна, е неопходен за снабдување на Унгарија со гас.

Вчера српските власти спречија терористички напад во кој сакаа да го кренат во воздух српскиот дел од гасоводот ‘Турски тек’. Овој гасовод е неопходен за снабдување на Унгарија со природен гас, бидејќи 56 отсто од природниот гас во нашиот систем, односно повеќе од половина, доаѓа преку гасоводот ‘Турски тек’“, изјави Сијарто во денешна објава на Фејсбук.


Сијарто денеска, заедно со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, тргнал кон границата со Србија, во Кишкунхалаш во областа Сегедин, за да провери дали е сè во ред со гасоводот на унгарската страна.

„Наша задача е да го заштитиме суверенитетот на Унгарија, да го заштитиме снабдувањето на унгарските семејства, да ја заштитиме способноста на земјата да функционира и да се бориме за намалување на сметките за комунални услуги“, рече Сијарто.

Тој истакна дека едноставно не сака Унгарците да плаќаат барем три пати повеќе за комунални услуги отколку сега, што би било резултат од прекин на испораката на руски гас и нафта.

„Затоа унгарскиот дел од ‘Турски тек’, кој е гасовод долг 250 километри, го ставивме под воена заштита“, објасни министерот за надворешни работи на Унгарија.

Можете да прочитате

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

Багеи: ЕУ е лицемерна кога го обвинува Иран за правото на самоодбрана од американската агресија

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“