Утрински Весник
Балкан

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија

Srbija.webp.webp

Во Србија во март се регистрирани 297.705 туристи, што е за 10,1 процент повеќе во споредба со истиот период лани и според српскиот Завод за статистика, најмногу странски туристи биле од Русија (15.136), по што следуваат туристи од Северна Македонија (15.064).

Регистрирани се 853.043 ноќевања, или 8,5 проценти повеќе во споредба со март 2025 година, соопшти денеска српскиот Завод за статистика.


Бројот на странски гости (156.009) е за 9,8 проценти поголем во споредба со март 2025 година, додека бројот на домашни туристи е 141.696, односно за 10,4 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.

Бројот на ноќевања од страна на странски туристи (438.504) бил за 7,2 проценти поголем отколку во март 2025 година.

Најпосетувани бањи во март биле Врњачка бања, Врдник бања, Сокобања, Буковиќ бања и Палиќ бања, а од планинските центри Златибор, Копаоник, Фрушка гора, Тара и Дивчибаре.

Можете да прочитате

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31

Почна одбројувањето за новата власт во Србија: 30 дена за Собрание, потоа 90 за влада