Утрински Весник
Македонија

Во Македонија само четворица хирурзи вршат трансплантација на црн дроб, целта е да се оспособат два тима

Активистка во Полска осудена на осум месеци општествено корисна работа поради помагање при абортус

Проф. д-р Светозар Антовиќ, специјалист по дигестивна хирургија вели дека Мкедонија е земја која што веќе трансплантира црн дроб и оваа опција им е достапна на сите пациенти.

dobivaj vesti na viber

„Досега е извршена кај 3 пациенти трансплантација на црн дроб, листата е постојано динамична, но не се повеќе од 15 пациенти кои чекаат на листата за операција. Последната пациентка што ја опериравме е добра и во стабилна состојба, очекуваме деновиве да си замине дома. Ние како тим сме четворица хирурзи и досега сме толку доктори што можат да го направат ова, целта ние да имаме два способни независни тима, а на последната трансплантација вклучивме и помлади доктори“, рече тој.

По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 Јули, денеска беа претставени најзначајните активности во борбата против хепатитисот, црнодробниот карцином и други заболувања на црниот дроб во нашата земја.

Од Здружението „Хепар Центар“ – Битола најавуваат отворање на прв Црнодробен центар, кој, како што наведуваат, е опремен со современа дијагностика и современа терапија, што ќе овозможи да се зголемат шансите за лечење и подобрување на квалитетот на живот на пациентите. Посочуваат и на амбулантно возило од Ургентниот центар, опремено со современи тестови за хепатитис Б, Ц и ХИВ и современ еластограф, каде ќе се врши бесплатен и анонимен скриниг на граѓаните за црниот дроб.

Можете да прочитате

Турски државјани се тепале во Прифатниот центар за странци

Тринаесетгодишно дете повредено по пад од електричен тротнет

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива” на меѓународна конференција