Утрински Весник
Магазин

Леонардо ди Каприо и Лени Кравиц му пееле на Мик Џегер на роденденот

Леонардо ди Каприо и Лени Кравиц му пееле на Мик Џегер на роденденот

Рок-легендата, сер Мик Џегер, во средата го прослави својот 80. роденден, а веста што беше на насловните страници на светските шоу-биз медиуми сега е дополнета со неколку детали од прославата.

dobivaj vesti na viber

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо и пејачот Лени Кравиц му пееја роденденска песна, откри извор што бил присутен вечерта.

Фронтменот на „Ролинг стоунс“ во средата славеше со многу гости, вклучително и неколку од холивудската А-листа, во ноќниот клуб Embargo Republica во Челси, Лондон. На забавата имало танчарки во карневалски стил и бенд што настапува за гости.

Инсајдер од забавата изјави за „Мејл онлајн“: „Мик беше многу среќен што го помина роденденот опкружен со своето семејство и пријателите, кои долетаа во Лондон од целиот свет за да бидат таму на неговиот посебен ден“.

„Постојано беше на подиумот и не престана да се движи цела ноќ, а целата забава траеше до раните утрински часови.

„Леонардо ди Каприо и Лени Кравиц му пееја: happy birthday и сите други им се придружија… тоа беше најзабавната прослава.

„На вечерта со кубанска тема се појавија и егзотични танчарки облечени како за карневал – во градници со украси и разнобојни пердуви на главата. Тие ја оживеаја забавата“.

Можете да прочитате

Родната куќа на Хитлер во Австрија се претвора во полициска станица

Кога навистина снимаат камерите доколку ја надминеме дозволената брзина

„Погледнав во смртта и се вратив“ – потресна исповед на патникот кој висел надвор од авион на „Рајанер“ над Македонија