Утрински Весник
Македонија

Во Мадрид пристигнаа двајцата македонски државјани од Маракеш, тие се во добра здравствена состојба

Во Мадрид пристигнаа двајцата македонски државјани од Маракеш, тие се во добра здравствена состојба
Dik 300x250 mk

Во врска со катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко, а во согласност со ангажманот и на Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро, двајца наши државјани, кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид и се во добра здравствена состојба. Набргу се очекува нивно упатување кон своите домови, извести МНР.

dobivaj vesti na viber

„Во изминатите два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш. Нашето дипломатско-конзуларно претставништво во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко за евентуални други наши државјани во погодените региони“, додаваат од МНР.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Северна Македонија, кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и на СОС-телефонот на Министерството за надворешни работи, 075/273-732.

Можете да прочитате

Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо

Итно да се укине мерката за евтаназија на кучиња со лајшманиоза

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени