Утрински Весник
Свет

Во Лос Анџелес судири меѓу демонстранти и полиција

20250609072600 big 730x400 22.webp.webp

Во центарот на Лос Анџелес продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата, а полицијата предупреди дека ќе одговори со соодветна сила доколку демонстрантите употребат „запаливи средства“.

Бројот на демонстранти на улиците на Лос Анџелес е намален, но некои групи сè уште се судираат со полицијата, додека сообраќајот е прекинат, а чад се издига од автопатот 101.


Јужните ленти на автопатот 101 се затворени до понатамошно известување поради протестите, објави полициската управа на Лос Анџелес на Х.

Си-Ен-Ен објави дека има снимка на која се гледа како полицијата употребила шок бомби додека напредува кон демонстрантите кои мафтал е со мексикански и американско знамиња  

Најмалку 300 припадници на Националната гарда на Калифорнија беа распоредени на три локации во областа на Лос Анџелес, додека 500 маринци се во состојба на „подготвеност за распоредување“ во база на околу 230 километри источно од Лос Анџелес.

Американскиот претседател Доналд Трамп го бранеше распоредувањето на трупи на Националната гарда – без барање од гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом – како неопходно со цел да се зачува „законот и редот“.

Можете да прочитате

Стапи во сила забраната на Трамп за влез во САД на државјани од 12 земји

Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година

Руски ракетен напад во текот на ноќта, Полска подигна авиони