Утрински Весник
Македонија

Успешна евакуација на повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата

Image 2025 06 09 075721461.png

Вчера во попладневните часови, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија, поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од вВИНГ, на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.

Повреденото лице, при падот, се здобило со скршеници на раката, ногата и колкот, како и со обилно крварење, поради што било во критична состојба. На лице место интервенираше екипаж- тим на парамедици, кои и покрај непристапниот терен успешно го извлекоа и имобилизираа повредениот.


Армијата во координација со ЦУК и здравствените установи изврши успешна медицинска евакуација и го предаде повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што истото беше транспортирано на понатамошен болнички третман .

Армијата на Република Северна Македонија, заедно со останатите институции во државата продолжува да дејствува во интерес на граѓаните, обезбедувајќи навремена и професионална поддршка.

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија не заслужува да биде држава ако немаме правда за Кочани

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ – прва пратка предадена во Кочани

Сиљановска-Давкова од Тирана: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ