Утрински Весник
Свет

Во Копенхаген до крајот на годината ќе се работи четири дена во неделата

Kopenhagen 1 1.jpg
Dik 300x250 mk

Во Копенхаген почна експеримент со воведување работна недела од четири дена, кој ќе трае до крајот на годината, јавуваат локалните медиуми.

Во експериментот учествуваат вработени во 14 компании, а по пробниот период би можело четиридневната работна недела трајно да биде воведена, јавува данскиот јавен сервис ДР.

Јонас Амитсбол, менаџер во една од компаниите, вели дека очекува променетото работно време да има позитивен ефект.

– Вработените ќе добијат неколку последователни слободни денови, што значи дека во слободното време ќе можат да ги наполнат батериите за да бидат свежи и подготвени за новата работна недела, рече Амитсбол.

Додаде дека пократката работна недела значи подолги работни денови, што, вели, може да биде предизвик.

– Ментално тешки работи мора да работите на почетокот на работното време додека сте уште свежи, а потоа мора да работите нешто помалку напорно на крајот од денот, забележува Амитсбол, пренесува bankar.me.

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп