Утрински Весник
Свет

Во Израел е побарана истрага за сопругата на Нетанјаху

00000001 1217 660x385 1.webp.webp

Јавниот обвинител на Израел и нареди на полицијата да отвори истрага против сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомневање дека малтретирала политички противници и сведоци во судењето за корупција на израелскиот лидер.

Тоа доцна синоќа го соопшти израелското Министерство за правда, во кое се наведува дека истрагата ќе се фокусира на наодите од неодамнешниот извештај на програмата „Увда“ за Сара Нетанјаху.


Програмата откри низа пораки на ВотсАп во кои Сара Нетанјаху изгледа како да му наложува на поранешен помошник да организира протести против политичките противници и да го заплаши Хадас Клајн, клучниот сведок во судењето.

Во соопштението не се споменува Сара Нетанјаху по име, а Министерството за правда одби дополнителни коментари. 

Можете да прочитате

Украинската армија погоди руски танкер во Црно Море

Кенеди Помладиот со остри критики за преработената храна: „Владата ве лажеше 50 години, храната е клучот за спасот на американското здравје“

Блумберг го објави нацрт-договорот меѓу САД и Иран: Предвиден крај на војната, отворање на Ормускиот Теснец и фонд од 300 милијарди долари за Иран