Утрински Весник
Свет

Во Индија 38 лица загинаа од удар на гром

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

На северот на Индија, во државата Утар Прадеш, од удар на гром загинаа 38 луѓе. Најголем број жртви е забележан во северозападниот дел на земјата, во Пратапгарх, каде загинаа 11 лица, а нивните тела се испратени на обдукција, пренесува Индија Тудеј.

Повеќето од жртвите биле погодени од гром додека работеле на фарма или ловеле риба.

Покрај тоа, десетици жители на Пратапгарх се здобиле со изгореници.

Гром уби и седум лица во Султанпур, меѓу кои и три деца.

Обилните врнежи ќе продолжат во северна Индија во следните пет дена, а поплавите го нарушија нормалниот живот во Утар Прадеш, соопшти Индискиот метеоролошки оддел.

Можете да прочитате

Масакр во џамија во Саудиска Арабија, над 30 загинати

Сегашниот канцелар го доби мандатот за влада во Австрија

Хезболах исклучува преговори додека траат борбите со Израел