Утрински Весник
Балкан

Во Хрватска има закана од поројни поплави, најпогодена е Истра

4 2.jpg
Dik 300x250 mk

Во некои делови на Хрватска се очекува да бидат најавени мерки за одбрана од поплави поради порастот на водостојот во пониските делови на речните сливови по обилните врнежи од дожд, а можни се и поројни поплави и одрони, особено на планинските патишта и на јадранската магистрала, пишуваат хрватските медиуми.

Поради силниот дожд што го донесе циклонот кој синоќа преку Јадранот пристигна во Хрватска, постои закана од поројни поплави, а први на удар се Истра и Кварнер, јави ХРТ.

Најмногу дожд наврна во поширокото подрачје на Риека, меѓу 100 и 200 милиметри на метар квадратен, пренесува ИстраМет.

Можете да прочитате

Мајка на жртва од Нови Сад почнува штрајк со глад: „Морам да знам кој го уби моето дете“

Европските демократи со студентите кои бараат одговори за трагедијата во Нови Сад

Утре во Албанија е ден на жалост поради смртта на Фатос Нано