Утрински Весник
Македонија

Цело семејство загина во сообраќајката на патот Прилеп-Битола

Screenshot 3 2.jpg

Од АМСМ известуваат дека е случена сообраќајна незгода во 08,00 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучка„Лагово“.

Првичните информации говорат дека камиот се движел во обратна насока при што се забил во возилото на прилепчаните Никола и Наташа Василевски кои според сведоштва од очевидци во возилото биле со дете кое исто така починало, додека со повреди се здобил возачот на камионот. Од медицинската помош известуваат дека повикот го примиле околу 7:45 часот. Според првичните информации од началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, повикот до екипата го примила околу 7:45 часот и на лице место е констатирана смрт на тројца прилепчани, а додека со повреди се здобил возачот на камионот.

Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.

Можете да прочитате

Со новото решение за субвенциониран оброк студентите ќе имаат многу привилегии, вели Мицкоски

Две девојчиња повредени, пожар и искршени дрвја од силниот ветер во Битола

Јаневска во посета на Јапонија – отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката