Утрински Весник
Свет

Во Холандија се појави кравјо лудило

Во Холандија се појави кравјо лудило
Ss2

Холандија пријавила случај на говедска спонгиформна енцефалопатија (БСЕ) на сточарска фарма нагласувајќи дека месото од заболеното животно не влегло во синџирот на исхрана, така што нема опасност за јавното здравје.

dobivaj vesti na viber

Јадењето месо од животно што боледува од кравјо лудило може да предизвика смртоносна болест кај луѓето, потсетува ДПА.

Ss1

Министерството за земјоделство го информира БСЕ за случајот во парламентот во Хаг, без да ја прецизира локацијата на фармата. Надлежните посочија дека објектот е изолиран и дека е забрането отстранување ѓубриво, месо и животни.

Надлежните служби се обидуваат да ги идентификуваат заразените животни, кои треба да бидат убиени.

Лабораторијата допрва треба да утврди со која варијанта на БСЕ било заразено животното. Холандија нема регистрирано случај на таканаречената атипична варијанта на кравјо лудило од 2011 година.

Таквата форма на болеста може да се развие, на пример, кај стари животни.

Таканаречената класична варијанта првпат беше регистрирана во Британија во 1986 година, а беше предизвикана од животински протеини во добиточната храна.

Од 1997 година Холандија има регистрирано 88 случаи на класична БСЕ, пренесе „Индекс.хр“.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња