Утрински Весник
Скопје

Во Гази Баба отворен нов тренинг центар на Занаетчиска комора на Македонија

Image 228587.jpg

Во Гази Баба е отворен нов тренинг центар на Занаетчиска комора на Македонија.

– Овој центар не претставува само нов објект, туку симбол на визија, посветеност и конкретен чекор кон јакнење на занаетчиството – една од темелните вредности на секое здраво и просперитетно општество. Тука ќе се создаваат нови знаења, ќе се пренесуваат вештини, и ќе се инспирираат идните генерации занаетчии кои со својот труд ќе го зајакнат стопанството и ќе придонесат за економскиот развој на нашата заедница. Особено ме радува фактот што ваков проект се реализира токму во Гази Баба – општина која со години го негува претприемништвото, производството и занаетчиството, порача денеска од отворањето градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.


Тој изрази искрена благодарност до Занаетчиската комора за нивната визија и иницијатива, и секако, до амбасадата на Република Словенија и амбасадорот г. Прескер за поддршката и присуството.

– Ова е уште еден показател за пријателските односи меѓу нашите две држави и можност за размена на знаења и добри практики. Нека овој центар биде дом на иновацијата, трудот и напредокот. Ве уверувам дека Општина Гази Баба ќе продолжи да биде отворен партнер и поддржувач на вакви проекти кои придонесуваат за одржлив локален развој, порача Стефковски.

Можете да прочитате

Утре без вода корисниците од улицата „Пиринска“ во Центар

Од средношколците со срце за Скопје ЗОО- Базар по повод 100 години Зоолошка градина Скопје

Околу 45 домаќинства приклучени на новата водоводна мрежа на улицата „Аврам Писевски“ во Чаир