Утрински Весник
Балкан

Во гаража во Белград најдено поголемо количество оружје

Policija 1.webp.webp

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на МВР и БИА извршија увид на лице место каде во гаража во станбена зграда во Нов Белград е пронајдено поголемо количество автоматско оружје, јавија белградските медиуми.

Пронајдени се неколку рачни бомби и автоматски пушки, рачен минофрлач, експлозив, поголема количина муниција, фантомка.

Во тек е оперативна работа на расветлување на сите околности на овој случај и откривање и гонење на сторителите на кривичното дело“, соопшти ВЈО. Оружјето било пронајдено претпладнето.

Можете да прочитате

Нови строги сообраќајни мерки во Aлбанија, трајно одземање возачка дозвола за управување возило под дејство на алкохол и големи парични казни

Вучиќ: Србија ќе ѝ помогне на Украина на патот кон ЕУ

Комбе со македонски таблички се запали во Албанија