Утрински Весник
Магазин

Во египетска мумија пронајдено златно срце и стихови од Книгата на мртвите

Во египетска мумија пронајдено златно срце и стихови од Книгата на мртвите

Дигитално скенирање на египетска мумија откри дека мумифицираното тело на тинејџер содржи дополнително срце од злато, како и десетици други амајлии за кои древните Египќани верувале дека се важни за задгробниот живот. Мумијата се наоѓа во подрумот на Египетскиот музеј во Каиро од 1916 година, а датира од 300 година п.н.е.

dobivaj vesti na viber

Радиологот Сахар Салим од Универзитетот во Каиро и нејзините колеги дигитално, односно преку компјутерска томографија, ѕирнаа во малата мумија покриена со злато и открија 49 амајлии од 21 тип.

Покрај тоа што научниците пронајдоа златен скараб од 3 сантиметри во градната празнина на мумијата, кој го симболизира срцето, открија и златен јазик во устата на черепот, амајлија до пенисот и други верски предмети изработени од злато, полускапоцени камења и керамика во светли бои.

Срцето на момчето останало во неговите гради како духовен симбол, велат експертите, како што е вообичаено со египетските мумии. Старите Египќани верувале дека амајлиите го штитат покојникот за време на напорното патување до задгробниот живот.

„Семејството на момчето му обезбедило многу скап третман за балсамирање за правилно да го подготви за патувањето под земја и безбедно да стигне до задгробниот живот, како што се сандали за да излезе од ковчегот и златен јазик со кој ќе зборува по смртта“, рече Салим, пишува „Њу саентист“.

„Големата златна амајлија на скараби е навистина нешто неверојатно, на задната страна е врежано со ознаки кои би можеле да претставуваат натписи и магии“, додаде таа. Имено, се чини дека меѓу нив има стихови од египетската книга на мртвите, во кои пишува дека срцето на скаработ е неопходно за да се замолчи вистинското срце кога боговите ќе му судат на патот кон задгробниот живот.

Истражувањето, насловено Скенирање и тридимензионално печатење со помош на компјутерска томографија на мумијата „Златно момче“, беше објавено во списанието Frontiers in Medicine.

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб