Утрински Весник
Балкан

Во Дубровник измерена рекордна температура на морето

Images 3.jpeg

Во Хрватска е измерена највисоката температура на морето откако се достапни мерењата на Хрватскиот хидрометереолошки завод (ДХМЗ)

Во Дубровник вчера температурата на морето во 17 часот изнесуваше 29,7 степени Целзиусови. Досега, апсолутната највисока температура на морето во Хрватска на станиците на ДХМЗ беше измерена на 21 јули 2015 година на островот Раб и изнесуваше 29,5 °C.

Во северниот дел на хрватското крајбрежје туристите се згрозени од валканите лигави површини на водата предизвикано од т.н. цветање на морето. Релативно високите температури на морето, многу врнежи и многу хранливи соли поттикнаа поголема репродукција на природниот фитопланктон, кој формира лигави површини во морето.

Можете да прочитате

Пет рудари загинаа при уривање на рудник во западна Турција

Вадефул: ЕУ мора да го забрза проширувањето кон Западен Балкан, во прашање е кредибилитетот на Унијата

Силен земјотрес ја стресе Грција