Утрински Весник
Свет

Во Црвено Море тоне товарен брод откако бил погоден со ракета

Screenshot 2024 05 28 191652.png

Приватната компанија за обезбедување на бродови „Амбреи“ (Ambrey) соопшти дека товарниот брод „Лакс“ (Laax) откако бил погоден со ракета во Црвено Море во близина на брегот на Јемен и почнал да тоне.

Бродот долг 230 метри со носивост од 43.000 тони пловел под знаме на Маршалски Острови, а крајна дестинација му била Фуџаири, Обединети Арапски Емирати. „Лакс“ е нападнат во близина на јеменскиот пристаништен град Ходеида и теснецот Баб ел-Мандеб кој го поврзува југот на Црвено Море со Аденски Залив.

Сè уште ниту една група не презела одговорност за нападот, но осомничени се јеменските бунтовници Хути, кои во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа од ноември досега нападнале повеќе од 50 бродови. Поради нападите на Хутите намалена е пловидбата нив Црвено Море и Аденски Залив.

Можете да прочитате

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд