Утрински Весник
Балкан

Во Бугарија запленети 436 килограми хероин

20240813085942 Big 730x400 83.webp.webp

Бугарската царина соопшти дека открила и запленила речиси половина тон херои во пристаништето Бургас.

Во товарна приколка со казахстански регистарски таблици пронајдени се 436 килограми хероин спакуван во 434 пакети. Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу 35 милиони евра.

Приколката била сомнителна поради невообичаено долгиот престој во пристаништето во Бургас, а на 9 август при рендгенски преглед била откриена дрогата. 

Можете да прочитате

Очекувавме да бидеме први рече Радев

Првични резултати од Бугарија: Убедливо водство на Румен Радев

Силно невреме ја погоди Словенија