Утрински Весник
Балкан

Во Брисел средба на Лајчак со главните преговарачи на Белград и Приштина за оптек на динарот на Косово

20240325105917 Big 730x400 58.webp.webp
Img 5587

Во Брисел со посредство на ЕУ почна трилатералната средба на главните преговарачи во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими, на која присуствуваат и експерти, јави дописникот на МИА од Белград.

Делегацијата од Белград, предводена од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и делегацијата од Приштина, предводена од Бесник Бисљими, започнаа разговори без претходни одвоени билатерални средби со европскиот посредник Мирослав Лајчак.

Ss1

Тема на разговор треба да биде одлуката на Приштина за готовинските трансакции, оптекот, односно за забраната за користење динари на Косово.

Претходната средба како дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина се одржа во Брисел на 19 март, а Петковиќ по средбата изјави дека белградската делегација инсистирала првенствено на формирање на ЗСО, а второто главно прашање е одлуката на Приштина за укинување на динарот.

По таа средба, Лајчак на социјалната мрежа Х изјави дека со главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими разговарал за спроведувањето на Договорот за патот кон нормализацијата, како и за влијанието на одлуката врз готовинските трансакции.

-Беше важно да се утврдат некои факти и се договоривме да ја продолжиме нашата дискусија за ова прашање во понеделник во Брисел врз основа на конкретни и реални предлози што се очекува страните да ги достават претходно, изјави Лајчак по таа средба.

Лајчак оцени дека е постигнат напредок кога Србите на северот на Косово ја започнале процедурата за повторување на изборите во четири општини на север.

Тој рече дека смета дека нема ризик од нов конфликт во балканскиот регион, иако има тензии, но дека нема потенцијал за конфликти и посочи дека меѓународните мисии се распоредени и во Косово и во Босна и Херцеговина.

Тој оцени дека атмосферата во Брисел е променета и дека ЕУ ја отвори вратата за проширување, вклучувајќи го и регионот на Западен Балкан. 

Ss1

Можете да прочитате

Грција воведува шестдневна работна недела

Илир Мета реизбран за претседател на Партијата на Слобода

Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал