Утрински Весник
Свет

Во Брисел се одржа тајна средба меѓу претставници на Грција и Турција

Во Брисел се одржа тајна средба меѓу претставници на Грција и Турција

Во Брисел со присуство на Германија се одржа тајна средба меѓу советниците за надворешна политика на лидерите на Грција и Турција со цел нормализирање на билатералните односи меѓу двете земји, јавија денеска грчките медиуми.

dobivaj vesti na viber

Весникот „Катимерини“ пишува дека на 16 декември претставничката на Грција, Ана-Марија Бура, се сретнала со турскиот функционер Ибрахим Калин, во присуство на Јенс Плотнер, советник на германската канцеларка за надворешни работи.

Според весникот, средбата била одржана во германската мисија на ЕУ без предуслови од ниту една страна.

Турција и Грција во изминатите неколку децении се спорат околу голем број прашања, вклучувајќи го Кипар, правата за истражување во источниот Медитеран и демаркацијата на поморските граници.

Турција постојано ја обвинУва Грција дека распоредува оружје на островите во Егејското Море, што го прекршува Договорот од Лозана од 1923 година.

Можете да прочитате

Првиот лет на електрично летачко такси е завршен – Наскоро ќе лета над Дубаи

По три години, Путин телефонски разговараше со Макрон

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак