Утрински Весник
Свет

Во Брисел денеска се одржува Прв дијалог на високо ниво меѓу Турција и ЕУ, посветен на трговија

Eu Turcija.webp.webp

Првиот дијалог на високо ниво меѓу Турција и ЕУ за трговски прашања ќе се одржи денеска во Брисел. Со него ќе копретседаваат министерот за трговија Јомер Болат и потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис, јави Анадолија.

Болат и Домбровскис претпладне ќе се сретнат на тркалезна маса со претставници на ЕУ и турската бизнис заедница, а попладне ќе се одржат меѓувладини средби.

За напредокот на билатералните и трговските прашања за соработка, вклучително и зелената и дигиталната агенда, ќе се разговара во рамките воспоставени на состанокот на работната група за трговија, одржан во октомври 2023 година.

Предвидени се и разговори за продлабочување на трговско-економската соработка меѓу Турција и ЕУ. Трговскиот дијалог на високо ниво меѓу Турција и ЕУ беше меѓу препораките во заедничката декларација за актуелната состојба на политичките, трговските и економските односи меѓу Турција и ЕУ во ноември 2023 година, и беше одлучено првиот состанок во рамките на овој механизам да се одржи на 8 јули 2024 година.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари