Утрински Весник
Свет

Во авионската несреќа во Јужна Кореја до сега загинаа најмалку 120 лица

00000001 1294 660x487 1.webp.webp

Потврдено е дека се загинати 120 лица, а само две лица – и двајцата од екипажот – се спасени, соопшти јужнокорејската противпожарна служба, откако авион на Чеџу Ер се урна при слетување на меѓународниот аеродром Муан, Јужна Кореја.

„Досега двајца се спасени, 120 потврдено е дека се загинати“, се вели во соопштението на Националната противпожарна служба, а операцијата за пребарување и спасување е во тек.


Во авионот имало 181 лице – 175 патници и шест членови на екипажот.  Авионот е „Боинг 737-800“ на јужнокорејската авиокомпанија „Чеџу ер“ (Jeju Air) и летал од Бангкок.

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички