Утрински Весник
Свет

Во април благ пораст на светските цени на месото, растителните масла и житарките

Suncokretovo Ulje.jpg

Светските цени на храната пораснаа во април втор месец по ред, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Во април е забележан благ месечен пораст на цените на месото, растителните масла и житарките, што го компензираше падот на цените на млечните производи и шеќерот.

Светскиот индекс на цените на храната за април се зголеми од мартовските 118,8 на 119,1 поен, се наведува на веб-страницата на ФАО. Сепак, вредноста на овој индекс е за 7,4 отсто помала од април 2023 година.

Во април индексот на цените на месото се зголеми за 1,6 отсто, пред се поради повисоките цени на живината и говедското месо и растителните масла за 0,3 отсто и сега е највисок во последните 13 месеци. Индексот на цените на житарките исто така порасна за скромни 0,3 отсто.

Наспроти ова, индексот на цените на млечните производи падна за 0,3 отсто на 123,7 поени, а на шеќерот за 4,4 отсто на 127,5 поени. Падот на светските цени на шеќерот главно се должи на веста дека производството во Индија и Тајланд е поголемо од очекуваното. Покрај тоа, Бразил забележа значителни врнежи од дожд на крајот на март по долг период на суша, така што одгледувачите на шеќерна трска во таа земја се пооптимисти за жетвата, се вели во извештајот. Да потсетиме, светските цени на храната пораснаа во март за првпат во последните осум месеци, кога е забележан месечно зголемување на цените на растителните масла, месото и млечните производи. За аналитичарите загрижувачки беше тоа што индексот на цените на растително масло месечно растеше во просек за осум проценти и веќе беше на највисоко ниво за минатата година.

Можете да прочитате

Лавров директно му се обрати на Киев: Се надевам дека оваа порака ќе биде разбрана

Сопственичка и вработени во градинка во САД им ставиле мелатонин во храната на децата за да спијат

Британија ќе плати 12,7 милијарди долари отштета на илјадници луѓе кои во 70-тите и 80-тите години добија крв заразена со ХИВ