Утрински Весник
Магазин

Внимавајте: Одредени лекови може да ја зголемат чувствителноста на кожата на УВ зраците

E2zqtygkon Eve Kako Ednostavno Da Se Oslobodite Od Izgorenicite Od Sonceto.jpeg

Сонцето и некои лекови не одат секогаш заедно. Денес е познато дека одредени лекови можат да ја зголемат чувствителноста на кожата на УВ зраците и да предизвикаат изгореници, осип или плускавци на кожата. Поради оваа причина, важно е да размислите за тоа и ако земате одредени лекови, треба да избегнувате изложување на сончевите зраци, за да избегнете фотосензитивност.

Кожата апсорбира ултравиолетово (УВ) зрачење и тоа може да предизвика хемиска промена во лекот присутен во телото, што може да доведе до реакција наречена фотосензитивност индуцирана од лекови. Ова може да предизвика изгореници или црвенило и воспаление на кожата изложена на сонце (наречена дерматитис). Фотосензитивност индуцирана од лекови може да се појави од производи кои се нанесуваат на кожата или лекови кои се земаат орално или се даваат како инјекции.

Симптомите на фотосензитивност индуцирана од лекот варираат во зависност од лекот и видот на реакцијата, фототоксична или фотоалергиска реакција.

„Фототоксична реакција обично се јавува кога лекот што го земате се активира со изложување на УВ светлина и предизвикува оштетување на кожата – изгореници од сонце или осип. Некои луѓе може да развијат плускавци. Ова може да биде предизвикано и од состојките во производите за нега на кожа. Фототоксична реакција може да се појави во рок од неколку минути или часови по изложувањето на сонце и обично е само на кожата што била изложена, како што се лицето, вратот, рацете, тилот, потколениците и стапалата“, објаснува фармацевтката Соња Стоиљковиќ од Србија, а пренесува „Нова.рс“.

Фотоалергиската реакција е многу поретка и се јавува кога УВ зраците комуницираат со состојките во лековите или другите производи кои се нанесуваат директно на кожата.

Можете да прочитате

Ајкули на брегот на Бразил позитивни на кокаин

Подгответе се – Доаѓа ретрограден Меркур во периодот од 5 до 28 август

Македонија ја доби новата музичка ѕвезда: Талентираниот тинејџер Наум Бумбарески е победник во “Пат до Ѕвездите”