Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-НП: За некои „комшии“ и нивните испади целото општество се мобилизира, а за други колективно се правиме дека не гледаме

ВМРО-НП: За некои „комшии“ и нивните испади целото општество се мобилизира, а за други колективно се правиме дека не гледаме
300x250 opst2

ВМРО-Народна партија се придружува кон сите осуди во однос на истакнувањето на знамето со мотиви на т.н „Голема Албанија“ и изливите на великоалбанскиот шовинизам во Република Северна Македонија кои беа демонстрирани при посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

dobivaj vesti na viber

„Меѓутоа исто така ВМРО-Народна партија не може да не ја подвлече општествената хипокризија на таканаречениот едностран македонски патриотизам каде за некои „комшии“ и нивните непринципиени испади целото општество се мобилизира, а за некои други колективно се правиме дека не гледаме и премолчуваме.

Само ќе потсетиме дека пред неполни десет дена во Штип по повод 120 години од Српската окупација на Македонија, под македонско знаме и пред македонски претставници српски државен секретар Република Северна Македонија ја нарече „Стара Србија“ и „јужна Србија“, а македонците, срби кои ги ослободиле во балканските војни“, соопшти ВМРО-НП.

„А завчера пак во Крагуевац по истиот повод беше отворена изложба за истиот настан, годишнина од „Брегалничката битка“ во која сите државни преставници повторно не нарекуваа „Стара Србија“, а македонскиот народ српски кој бил ослободен по балканските војни.

Трагедијата да биде уште поголема таму беше најавено дека во септември во Битола ќе биде отворена истата изложба за т.н. „ослободување на Македонија“, кое впрочем претставува и почетокот на најтешката окупација во историјата на Македонија, односно времето на српската окупација.

Затоа ВМРО-Народна партија бара од сите одговорни институции и општествено повикани интелектуалци да престанат со еднонасочното шиканирање на одредени соседи, а да се замижува пред шовинизмот на некои други наши соседи, притоа очекуваме од претседателот на државата Стево Пендаровски бидејќи е директно надлежен за скандалот во Штип, таму да ги спроведе сите казнени мерки и да ги земе на одговорност сите поединици кои дозволија во центарот на Северна Македонија да не наречат „Стара Србија“, а Македонците и македонскиот народ, Срби и српски“, се додава во соопштението на ВМРО-НП.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии

Во Струга уапсени три лица за нелегален превоз на огревни дрва

ВЛЕН: “Скенерот” што го бара Али Ахмети е се вика Артан нон грата Груби!