Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за кочанскиот градоначалник: Ова е партиски реваншизам, именувал директор кој не бил по кејфот на власта

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ станува нервозна, по медиумите, на удар се нивните членови и пратеници

Градоначалникот на Кочани, Папазов, именувал  директор на училиште кој не бил по кејфот на власта, а кривичната пријава е директен партиски реваншизам. Ваква е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно денес, МВР соопшти дека против градоначалникот е поднесена кривична пријава оти именувал директор на СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани кој не ги исполнувал условите за вршење на должноста, односно немал положен испит за директор во рокот.

dobivaj vesti na viber

„Денес МВР на претендентот за претседател на државата Спасовски, и Ковачевски, под налог на ДУИ открија голем и страшен криминал. Значи не е тендер, не е матна милионска зделка во 4 очи, не е ниту дуќан, зграда или Ауди кое необјасниво станало директна или индиректна сопственост на некој кој е на функција. Туку Папазов од Кочани именувал директор на школо кој не бил по кејфот на власта. Затоа заработи кривична пријава, а МВР пушти соопштение небаре откри голем криминал, а не директен партиски реваншизам. Со ваква полиција, со ваков несуден кандидат за претседател кој ја води полицијата и со ваков премиер криминалците немаат мака, мирно си спијат и си работат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ

Врнежи од снег во неколку градови и на планините, забрана за тешки возила на Стража и на патот Маврово -Дебар