Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта прави историска кражба, Ковачевски призна дека 70% од работниците на Коридорот 8 ќе се увезат од странство

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да ги сопре работите на надзорот за Коридорите 8 и10д

Власта прави историска кражба, Ковачевски призна дека 70% од работниците на Коридорот 8 ќе се увезат од странство, се вели во соопштението во ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од најголемата опозициска партија велат дека работниците кои ќе се увезат од странство, ќе можат да работат во Македонија без работни дозвола и без дозволи за престој.

– Ковачевски и Груби сами се вплеткаа во сопствените лаги, и полека вистината излегува на виделина. Наместо повеќе пари за македонските работници и компании, парите ќе се одлеваат за работници од странство, тоа историска кражба во вредност од милиони. Ковачевски и Груби го кријат договорот, затоа што се што потпишале е спротивно од тоа што тие тврдеа. Наместо 51% македонски работници, како што велеа Ковачевски и Груби, ќе имаме 70% странски работници. Ковачевски и Груби прифатиле и во случај на спор, да не важи македонското право, туку правото на Англија и Велс Ковачевски и Груби потпишале договор, за чие исполнување е потребно да се изменат цела низа на закони, а тие преземале обврски како измената на истите да не е никаков проблем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека власта да не го крие договорот, „граѓаните од чии пари преку буџетот ќе се плаќа изградбата на Коридорот 8 мора да знаат што плаќаат, колку и зошто“.

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година