Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта и институциите наместо да ги гонат, тие се ортаци со најголемите криминалци и наркобосови во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Власта и институциите наместо да ги гонат, тие се ортаци со најголемите криминалци и наркобосови во државата

Додека МВР на Оливер Спасовски се фали со нешто што никој не го гледа и чувствува, во сред Скопје, на само 300 метри од центарот на главниот град се случува филмско убиство, пасоши се делат на светски криминални босови, криминалот цвета, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

dobivaj vesti na viber

Како што стои во соопштението, сето ова и се случува заради тоа што првите луѓе во државата и институциите шеруваат и се ортаци со кримилците и наркобосовите во Македонија, наместо да ги гонат.

„Уште еден во низата на криминалци под заштита на власта е Самед Мисини од Ласкарци. Поточно ова лице е близок пријател на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и за тоа е целосно заштитено од кривичните дела кои изминатиов период ги има извршено“, велат од партијата.

Оттаму во соопштението наведуваат дека „Мисини сред бел ден, во населено место пука со огнено оружје и за ова постои видео на кое јасно се гледа кривичното дело за кое МВР на Оливер Спасовски досега нема превземено никакви дејствија“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Мисини се поврзува и со други кривични дела, како што се насилство на избори за бркање на гласачи и набљудувачи, како и за физички напад на бизнисмен. – Овој инцидент се има случено токму во кабинетот на поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов, – велат оттаму и додаваат дека „неместо Мисини да биде во затвор тој е чест гостин во кабинетот на директорот на БЈБ, Тасевски“.

 

Можете да прочитате

На „Магистрален пат“ во Кичево сообраќајка со три жртви

207 санкции за брзо возење

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара