Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата си поигрува со болните, демек нема пари за лекови, а прокоцка околу 40 милиона евра

ВМРО-ДПМНЕ: Владата си поигрува со болните, демек нема пари за лекови, а прокоцка околу 40 милиона евра

Македонија, а и здравството го водат луѓе без план за граѓаните. Здравството го водат луѓе кои имаат план само за лични интереси. Секоја постапка се случува или не во зависност од тоа дали имаат интерес, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Ова резултира со негрижа за граѓаните, за пациентите. Требаше да почине пациент со цистична фиброза за да се освестат. Надлежните заплеткани во лаги набавија лек само за осум пациенти. Сите останати со оваа болест се изиграни. Станува збор за 120 пациенти на кои исто им треба лекот Трикафта, но за нив нема. Не и биле во план на криминалната екипа на Димитар Ковачевски. Овие ликови на Ковачевски си тераат само пи ар.

Не дека се нема пари, ама не ги интересираат граѓаните. Колку за илустрација Владата загуби 18 милиони евра од пропаднатата еврообврзница, Владата треба да плати отштета околу 20 милиони евра за прекин на договорот за изградба на нов клинички Мајка Тереза.

Само по овие два основи, односно поради неодговорната власт пропаѓаат околу 40 милиони евра!

Граѓаните плаќаат висока цена за нивната неодговорност. На граѓаните им требаат одговорни политичари. Политичари кои ќе се грижат за нивното здравје. Затоа оваа криминална екипа на Ковачевски мора да замине!“ се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните