Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени не под диктат на Бугарија како што бара СДС

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени

Уставни измени не под диктат на Бугарија како што бара СДС, туку со одложено дејство како заштита од понатамошно блокади, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО-ДПМНЕ даде два предлога, од кои и двата ја гарантираат ЕУ иднината на Македонија, но и Македонската многувековна традиција, идентитет и историја. СДС наместо да се изјасни манипулира. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под Бугарски диктат, бидејќи тие и даваат алатка на Бугарија да не блокира и во иднина. Наспроти можноста Бугарија да добие алатка за блокада, ВМРО-ДПМНЕ даде предлог како Бугарија ќе стане активно заинтересирана за напредокот на Македонија кон ЕУ, а тоа е преку уставни измени со одложено дејство, кои ќе стапат во сила со зачленувањето на Македонија во ЕУ, со тоа Бугарија наместо да ја кочи нашата држава, ќе има интерес да го забрза процесот на интеграција. Покрај ова овој предлог опфаќа и преодна влада без ДУИ“, се нагласува во нивната реакција.

Ковачевски и СДС, додаваат од опозициската партија, добија и втор предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е избори оваа есен, а потоа која и партија да е во опозиција да го поддржи следниот метод: Барање гаранции од европските институции за Македонскиот многувековен идентитет, историја и јазик, барање Бугарија да исполни барем 3 пресуди на ЕСЧП за правата на Македонците, барање на парична помош за Македонската економија и граѓани во пресрет на ЕУ интеграцијата.

Зошто на СДС и пречи заштита на македонскиот национален идентитет, прашуваат од партијата на Мицкоски.

Според нив, СДС и Ковачевски треба да сфатат дека само со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се штити македонскиот идентитет, но и се гарантира брза интеграција.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024, кога во судството жареше и палеше ДУИ и СДС

Ѓорѓиевски: Голем интерес за мерката за ослободување од комуналии за младите

Ѓорѓиевски: Доколку ме кандидира партијата, ќе го прифатам предизвикот да ги решам проблемите на Скопје