Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане со собирање политички поени на најголемата трагедија која ја потресе Македонија

Vmro.webp.webp

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС и човечност се два различни поими.


Дојдоа на власт со собирање на политички поени на сметка на трагедии, на сметка на семејствата кои жалеа и имаа надеж дека СДС ќе ги реши нивните случаи, дека СДС ќе им донесе правда, дека СДС ќе им ја обелодини вистината.

Ништо од тоа не се случи, семејствата на загинатите, повредените, беа заборавени, не добија правда, не добија одговори, не добија надеж. СДС си играше со човечките судбини за да дојде и опстане на власт.

Нема да дозволиме играње со човечки судбини за дневни политички цели. ВМРО-ДПМНЕ не е ни судија, ни обвинител, ни инспектор, ниту пак е орган кој може истото да го направи.

Повторно потсетуваме и нема да се повторуваме. Секој којшто директно или индиректно има удел за настанатиот пожар во Кочани, а за тоа има докази, треба да одговара. И стоиме зад ова. Без разлика на етничка, партиска или национална припадност.

Можете да прочитате

Меџити до Димитриевски: Ако му пречи албанскиот јазик, нека ја напушти градоначалничката функција

Герила-акција пред МРТ по интервјуто на Изет Меџити, поставени симболични банкноти од 10.000 евра

Девет возила и 22 пожарникари интервенираа кај Бит-пазар, зафатени три куќи