Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не биде прес служба на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и СДС во Прилеп сложно не дадоа поддршка за реконструкција на 50 улици

„СДС да не биде прес служба на ДУИ, и да го праша Артан Груби како брат му купи дуќан во центарот на Скопје по цена од 650 евра за квадрат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според опозициската партијА, СДС и ДУИ се потонати во криминал и ништо не ги спасува од одговорноста која ќе дојде.

„Додека народот не може да купи стан за 1.500 евра за квадратен метар, брат му на Груби купува дуќан сред Скопје на улица „Македонија“ по цена од 650 евра за метар квадратен. Народот едвај врзува крај со крај, а луѓе околу Ковачевски вртат милионски бизниси. Што се однесува до лажните наводи за претседателот Мицкоски, СДС и ДУИ ги имаат под свое сите служби и институции за прогон, доколку имаше 1% вистина тие одамна ќе отвореа случај. А, за сите лаги и манипулации ќе треба да одговараат на суд“, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа

Милошоски: Донесениот заклучок од страна на членовите на Судскиот совет за продолжување на мандатот на Весна Дамева е незаконски