Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со соопштението „Мицкоски најавува избори“, покажува дека се плаши од соочување со народот

Vmro Dpmne 1.jpg

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ:

СДС со ново соопштение, покажува дека се плаши од соочување со народот.

Доколку СДС смета дека се подготвени и дека ја имаат поддршката од народот за избори, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори.

Доколку СДС смета дека анкетите во кои тие се 4-5 партија во Македонија, не се точни и дека имаа поголема доверба од народот, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори.

Во тотална безидејност, со лоши соопштенија кои вештачка интелигенција им ги пишува, бидејќи очигледно вистинска интелигенција и да немаат на Бихачка, тонат во жива кал.

СДС треба да се реформира од луѓето кои им ја водат партијата, на чело со Филипче, а во сенка на Заев.

Можете да прочитате

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Полицаец заврши во притвор затоа што наместо во буџетот, парите од казни за погрешно паркирање си ги земал за себе

СДСМ: Владата го призна бизнисот со вода во време кога Гостивар се труе – поскапа од големопродажна цена