Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да преземе мерки за намалување на загадувањето, Ковачевски да побара реакција и од градот

Ковачевски во Куманово: Инфраструктурните проекти се приоритет, се градат мостови, локални и регионални патишта
300x250 (7)

СДС да преземе мерки за намалување на загадувањето, а на тајните состаноци со Арсовска, Ковачевски да побара реакција и од градот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Седум години откако е СДС на власт, а ниту една мерка за намалување на загадувањето не е преземена. Од потрошени 20 милијарди преку буџетите, ниту едно евро не е инвестирано за почист воздух. СДС пред да дојде на власт имаше главно ветување дека ќе го намали загадувањето, седум години подоцна воздухот е уште позагаден.

300x250 (7)

И не само што нема мерки на централно ниво, туку и во град Скопје, каде заедно со Арсовска ја делат власт, а и ЈСП кое директно го управуваат не прават ништо. Наместо повеќе автобуси и автобуски линии, имаме хаос во ЈСП, а парите се трошат на договори за набавка на гориво, со кои претпријатието плаќа како да купува од бензинска, а не преку тендер тежок 27 милиони евра.

Ковачевски и Арсовска во интерес ги имаат само матните зделки, затоа Скопје и Македонија се гушат. Потребни се промени и влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи на решавање на проблемите и подобра иднина на народот“ порачаа од опозициската партија.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт