Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја уништи државата со 3 милијарди нов долг – сега глумат финансиери

Vmro 1.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС, партијата што го задолжи секој граѓанин со над 1.600 евра долг за време на нивното владеење, денеска се јавува со прес-конференции за 137 милиони евра – средства што одат исклучиво за отплата на нивните долгови.


Да бидеме јасни: 137 милиони евра што сега ги спомнуваат СДС не се ново задолжување, туку рефинансирање на кредити кои доспеваат – кредити кои тие ги земаа, без срам и без покритие.

Во времето на СДС (2017–2024) јавниот долг скокна од 47% на над 65% од БДП, а единственото што оставија се ситни проекти, рекламни видеа и сметки од „ресторани“.

Прашуваме:

– Каде се парите од 1,2 милијарди евра задолжување во 2020 година?

– Каде се парите од еврообврзниците во 2018, 2020 и 2021 година?

– Зошто 6 години ја лажевте јавноста дека ќе го намалите долгот, а го зголемивте за над 3 милијарди евра?

Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ:

•  Плаќа камати за долгови што вие ги направивте,

•  Го стабилизира буџетот без зголемување на даноци,

•  Ја враќа довербата на инвеститорите и стопанството,

•  И подготвува прв ребаланс со кој за првпат по години ќе се види капитална реализација – не слики на Фејсбук.

Вашето време помина – оставивте држава со највисока сиромаштија, највисока младинска емиграција и со буџет кој 40% оди на враќање камати и плати, без ефект за граѓаните.

Затоа, СДС, вратете се кај вашите квази-економисти и пиар-советници. Народот ве прочита. Ако сакате дебата за долг, не носете лажни бројки – носете сметка што не ја плативте 7 години.

Можете да прочитате

Коцевски: Од Бугарија стигна одговорот за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ

АА со свои кандидати на локалните избори – Таравари го отфрли ултиматумот од Вреди

За Велигден уживајте во сончевото време, со рано летни температури на воздухот!