Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Предлог Буџетот за 2023 година е инфлаторен и неразвоен

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е најбугарската партија во Македонија

Предлог Буџетот за 2023 година е инфлаторен и неразвоен. Наместо со раст на економијата се фалат со социјална помош и други социјални трансфери, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Народот од владата чека конкретни резултати, кои ќе значат отворање на нови работни места, развој на економијата и повеќе пари за сите, а тоа не се постигнува со инфлациски буџет и со промашени приоритети.

Во делот на таканаречените капитални инвестиции. СДС секоја година се фали дека наредната година ќе прават градежна офанзива. И тоа секогаш завршува со ниту 50% реализација на предвидените капитални инвестиции.

Ниту еден километар автопат нема направено оваа Влада на СДС 6 години. Ниту една болница, ниту еден објект од општественк значење.

6 години една нова поголема странска инвестиција нема. Се што се отвора во зоните се реинвестиции на веќе постоечките, кои беа дојдени во државата за време на ВМРО-ДПМНЕ.

6 години не може да се направи ниту Клиничката болница во Штип, која беше оставена во фаза на карабина, ниту Клиничкиот центар во Скопје за кој имаше готов проект.

6 години објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во дворот на УКИМ се во фаза на карабина, оставени да пропаѓаат.

6 години автопатот Кичево – Охрид не е мрднат од мртва точка.

6 години нема никаков развој. 6 години Македонија тоне со СДС. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори и промена на власта“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

СДСМ: Животниот стандард на граѓаните е урнат – 50% од вработените имаат плати до 36.000 денари

Бугарија влегува во трката за бакар, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ