Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека Мицкоски се сретнал со Таравари

Img 7798.jpeg

„Точно е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше средба со Арбен Таравари попладнево и се разговараше за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка“, одговориле за 360 степени од ВМРО-ДПМНЕ за денешната средба на лидерот на партијата со Таравари

Инаку, како што претходно јави ТВ 21, средбата меѓу Мицкоски и Таравари се случила во седиштето на коалицијата „Вреди“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска попладне се сретнал со еден од предводниците на коалицијата на опозициските партии на Албанците „Вреди“ и доскорешен кандидат за претседател на државата, Арбен Таравари.

Средбата доаѓа на два дена пред парламентарните и вториот круг на претседателските избори во кои за функцијата шеф на државата силите ќе ги одмерат кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силајновска-Давкова и актуелниот претседател на земјата и адут на СДСМ, Стево Пендаровски. 

Можете да прочитате

Спасен турски палаглајдерист што принудно слетал на карпестиот дел на Галичица

Мама Вероника моли за помош за нејзиното предвреме родено бебе

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје